Двајца мажи починаа во велешка болница од Ковид-19

Објавено на 19 ноември, 2020 во 14:57

BOLNICA odnapred

19.11.2020

Вчера вечер маж на возраст од 75 години и утринава маж на возраст од 55 години од Велес не успеаја да се спасат од коронавирусот иако се лекуваа на Инфективно одделение во болницата.

До овој момент на болничко лекување се наоѓаат вкупно 84 пациенти или седум ковидпациенти повеќе од вчера. Од нив 69 се потврдено позитивни и 8 негативни на ковид тест, но им е потребна здравствена помош, како и 28 пациенти на кислородна поддршка исто како и во вчерашниот ден.

Од вкупниот број на болнички пациенти полно до последно место е Инфективно одделение каде се лекуваат најголем број – 54, на Одделението за физикална медицина и рехабилитација се сместени 20 или шест повеќе од вчера додека, по испишувањето од болничко лекување на петмина, денеска на Интерно се лекуваат 10 ковидпациенти.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.