Утринава почина велешанец од коронавирус, засега болницата има 12 празни легла
30.11.2020
Починатиот маж е на возраст од 51 година. Тој бил примен на Инфентивно одделение пред 11 дена поточно на 19 ноември. Тој е 66 жртва на опасниот вирус во велешко од почетокот на пандемијата. Денеска во Општа болница Велес се лекуваат вкупно 62 пациенти или еден помалку од вчера.
Од нив 57 се потврдено позитивни, двајца сомнителни и тројца пациенти со негативни тестови. На кислородна поддршка се 22 пациенти.
На инфективно одделение, во изминатите 24 часа, има примено нови пет пациенти со кои сега на ова одделение се лекуваат 50 ковид пациенти и има уште четири празни легла.
Испишани од болничко лекување има четири пациенти од Одделението за физикална медицина и рехабилитација. Таму вчера се лекуваа 13 а денеска 9 ковид пациенти.
Од Интерно, каде добиваат здравствена помош излекувани пациенти на кои сеуште им е потребна нега, денеска си заминале дома двајца пациенти. Таму има уште тројца.
Вкупно во Општа болница Велес денеска има 12 празни легла.
Стоилко Андреевски