Четворица велешани починаа од коронавирус, во изминатите 24 часа, во велешка болница
9.12.2020
Сите починати ковид пациенти се мажи на возраст од 59 до 68 години. Двајца се на возраст од 68 години, еден помлад од нив за две години а најмладиот имал 59 години.
-Сите починаа на Инфективно одделение. Првиот од нив почина вчера околу 18 часот. Тој имаше 68 години и беше примен на болничко лекување пред три дена. Во раните утрински часови, веднаш после полноќ, починаа двајца пациенти, првиот на возраст од 59 години и вториот на 68 години, примени на болничко лекување пред два дена. Последено починатиот пациент имаше 66 години и неговото лекување заврши летално утринава откако на болничко лекување беше три дена, рече портпаролката на Општа болница Велес др Весна Николовска Неделкова.
И денеска е исполнет капацитетот на Инфективно одделение до последно легло поточно се лекуваат 54 пациенти.
На Физикална се лекуваат 10 додека на Интерно одделение 4 пациенти кои имаат негативни тестови но не се сеуште во можност да заминат дома односно се зависни од болничка нега.
Во болницата се хоспитализирани вкупно 68 пациенти од кои 60 потврдено позитивни, 6 сомнителни и 2 со негативни тестови. Од нив 31 пациент се на кислородна поддршка. Денеска испишани се 4 пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Убавка Јаневска