СВР Велес во вчерашниот, празничен ден, регистрира 17 недозволени престигнувања и 61 лица без заштитни маски
Објавено на 9 декември, 2020 во 16:13
9.12.2020
Полициските станици во Велес, во Неготино и во Кавадарци како дел на Секторот за внатрешни работи Велес на празникот Свети Климент Охридски спроведоа акциска контрола на возачи кои вршат неправилно престигнување на други возила. Во акциската контрола се констатирани и санкционирани 17 прекршоци и прекршители на сообраќајните правила. Од нив девет во Велес, четири во Кавадарци и четири во Неготино.
Во изминатите 24 часа за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита полициските службеници евидентираа вкупно 61 лица. Зашитни маски во Велес не носеле 28, Кавадарци 21 и во Неготино 12 лица.
Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки, потврди портпаролот Верољуб Додевски.
Стоилко Андреевски