Починат еден велешанец во пребукираното Инфективно одделение, вкупно 63 ковид пациенти на велешка болница
11.12.2020
Велешанец на возраст од 53 години, потврдено позитивен на Ковид, почина попладнево во велешка болница. Тој починал во 16:30 часот откако пет дена се лекувал на Инфективното одделение.
Во велешка болница денеска се хоспитализирани вкупно 63 ковид пациенти од кои 58 потврдено позитивни, 2 сомнителни и тројца со негативни тестови.
На Инфективно се лекуваат скоро сите болни поточно 55 пациенти што значи капацитетот на одделението е преполн ако се има предвид дека на располагање беа ставени 54 болнички легла.
За разлика од ова на Одделението за физикална медицина и рехабилитација се лекуваат 5 пациенти, со полесни симптоми на заразното заболување и таму има уште 9 слободни легла.
На Интерно одделение се наоѓаат 3 оздравени пациенти на кои сеуште им е потребна здравствена помош.
Стоилко Андреевски