По еден велешанец и светиниколец, починаa од ковид-19 во велешка болница
Објавено на 12 декември, 2020 во 17:49
12.12.2020
Претпладнево на Инфективно одделение како последица на ковид-19 починаа двајца потврдено позитивни ковид пациенти, маж на 68 години од Велес примен вчера на болничко лекување и уште еден маж на 85 години примен пред 5 дена од Св.Николе.
Вкупно 60 пациенти се хоспитализирани во Општа болница Велес од кои 55 се потврдено позитивни, 4 се сомнителни и еден е со негативен тест. Од нив 28 пациенти се на кислородна поддршка.
Бројот на пациенти кои се лекуваат на Инфективно одделение изнесува 43, на Одделението за физикална медицина и рехабилитација 14 и на Интерно одделение 3 оздравени пациенти на кои им е сеуште потребна помош и здравствена нега.
Стоилко Андреевски