Караванот на Стартап Македонија од Велес ја започна промоцијата на Платформата за развој на деловниот еко систем во државата
15.12.2020
Стартап Македонија и X Фактор Акцелератор денеска од Велес го започнаа караванот за промоција на платформата што се развива во рамките на проектот за „Развој на деловниот еко систем на УСАИД“. Една од целите на Стартап Македонија е да го олесни вмрежувањето помеѓу сите стартап компании во државата и тие да можат да ги пронајдат соодветните услуги што им се потребни за развој на сопствен бизнис.
Стартап Македонија ја стартуваше во живо дигиталната платформа на сопствената интернет страницата и денешниот настан во Велес беше прв пренесуван во живо со цел таа да се разработи.
-Олеснување на вмрежувањето во еко системот како за стартап така и за компаниите кои што нудат поддршка, услуги, пристап до финансии што се дел од еко ситемот во еден канал што ќе им ја олесни комуникацијата и ќе им овозможи полесно да се вмрежуваат, да користат меѓусебни услуги, искуства и слично. Во моментот на нашата платформа се регистрирани и верификувани 120 стартап компании но бројката е далеку поголема. Затоа во рамките на оваа кампања имаме за цел да интегрираме што е можно поголем број за да станат дел од семејството или заедницата на Стартап Македонија. Официјална статистика нема но, знаеме дека од година во година бројот на иновативните компании кои развиваат свои бизниси е се поголем, рече претседателот Дејан Алексов.
Најголем број од стартап компаниите се формирани и работат во Скопје. Тоа е само една од причините за караванот преку кои ќе се посетат повеќе градови во Македонија за да се зајакне свеста за постоењето на овој вид на компании и во исто време да се информираат за поддршката што можат да ја добијат. По Велес, Старт ап Македонија, веќе утре продолжува со посета во Струмица потоа во Тетово, во Гостивар и во Битола. Овие пет градови се први додека потоа караванот ќе продолжи и на нови дестинации.
Убавка Јаневска