Евидентирани само 4 новозаболени наспроти 40 оздравени од ковид-19 во Велес
Објавено на 20 декември, 2020 во 16:45
20.12.2020
Според стигнатите резултати од земени брисови на велешани денеска Центарот за јавно здравје регистрира само четири новозаболени сограѓани од коронавирусот. Со нив во велешко вкупниот број изнесува 2603 ковид пациенти од почетокот на пандемијата.
Во денешниот ден евидентирани се 40 оздравени ковид пациенти или до денеска вкупно 1863.
Бројот на активни ковид болни во велешко изнесува 656 лица, од кои 44 се на болничко лекување на Инфективно одделение во Општа болница Велес, 7 во приватни болници во Скопје, едно лице во Торако васкуларна клиника во Скопје додека во домашни услови се лекуваат 604 граѓани и граѓанки.
Стоилко Андреевски