Се излизга автомобил на патот кај велешката депонија за смет, повредени двајца патници

Објавено на 13 февруари, 2021 во 17:30

avtomobil soobrakajka fin

13.02.2021

На делницата Велес – Штип, над месноста викана Ѓубриште заради лизгавост и мраз на коловозот се случи сообраќајна незгода.

Возило „фијат добло“ се излизга на патот во 15:07 минути кое повредени се двајца патници, сопружници од Бузалково. Тие се здобиле со телесни повреди.

Патниците се враќале од Штип и поради лизгавиот коловоз, на кој немало фрлено сол, возилото се превртело.

Ним прва помош им дала екипа на Итна помош.

-Пациентите имаа повеќе полесни повреди на глава и раце. По помошта што им ја укажавме и поради понатамошни испитувања ги пренесовме Хируршко одделение во Општа болница Велес, рече д-р Јадранка Мишкова дежурен лекар во Итна помош.

Според д-р Елеонора Јованова, портпаролка на Општа болница Велес, пациентите се примени во 15:30 часот. Маж на возраст од 63 години и една година помлада жена. По направените прегледи кај нив се констатирани полесни телесни повреди. Сепак се задржани на болничко лекување поради набљудување.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.