Две тепачки и казни за 43 граѓани што не носеле заштитна маска
23.02.2021
Вчера сопруг тепал сопруга и брат физички нападнал брат. Тепачките се случиле вчера попладне и вчера вечер.
Во првата, пријавена во Секторот за внатрешни работи околу 16.00 часот триесет и четири годишна жена од Велес пријавила дека нејзиниот осум години постар сопруг Б.Ќ. физички ја нападнал неа и нивното малолетно дете. Полицијата го лишила од слобода. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Седум часа подоцна во Полициската станица Велес стигнала пријава од триесет и едно годишен жител на Велес за физички нападнат во домот од неговиот брат Д.М.(35). Напаѓачот бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава.
Секторот за внатрешни работи, исто така, информира дека во изминатите 24 часа за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се 43 лица. Од нив 23 во Велес, 13 во Кавадарци и седум во Неготино. Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.
Стоилко Андреевски