Повредено девојче во сообраќајка во центар на градот

Објавено на 26 февруари, 2021 во 10:33

154144501 512610529719891 8866244577218281991 n

26.02.2021

Повредено е 16 годишно девојче , вчера вечер, околу 19 часот во сообраќајна незгода што се случи на улица „Страшо Пинџур“, кај пешачкиот премин пред „Кафе Капри“.

Девојчето било удрено од автомобил што се движел по улицата „Гоце Делчев“, која што се спојува со улица „Страшо Пинџур“ сосема на кривината.Повреденото девојче беше пренесено во велешка болница.

-Синоќа, околу 19 часот, на одделот за хирургија од страна на Итна медицинска помош, донесена е пациентка на 16 годишна возраст повредена во сообраќајна несреќа. Кај истата направени се сите соодветни испитувања при што се констатирани лесни телесни повреди по што пациентката е упатена на домашно лекување, соопшти потпаролката д-р Елеонора Јованова.

Вчера вечер, на местото на несреќата интервенираше полицијата. За време на увидот возачот и возилото беа на лице место. Додека траеше увидот сообраќајот прво се одвиваше само по една коловозна лента. Причините за сообраќајката ќе ги дадат резултатите од полицискиот увид.

Стефани Манева 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.