Починат маж од ковид-19 во Општа болница Велес
Објавено на 29 март, 2021 во 15:30
29.03.2021
Починатиот велешанец е нa 44 годишна возраст, позитивен и лекуван на инфективно одделение два дена.
Денеска вкупно хоспитализирани се 76 пациенти од кои 58 се потврдено позитивни, 10 сомнителни и осум пациент со негативен брис но задржан на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 32 пациенти.
На Инфективно одделение се лекуваат 52 пациенти, во Модуларната болница и на Интерно одделение по 12 пациенти.
Денеска од болничко лекување испишани се четири пациенти, како оздравени со по 1 негативен тест.
Убавка Јаневска
