Целосно уништен дрворедот на улица „АСНОМ“ во Велес од страна на непознат сторител

Објавено на 6 април, 2021 во 11:40

seceni drva 2

06.04.2021

Вкупно 14 садници во одлична вегетациска состојба се исечени со пила од страна на несовесен граѓанин на 29 и 30 март, покрај фабриката „Благој Ѓорев“ во Велес. Од страна на општинскиот комунален инспектор е извршен увид на местото при што не е утврден сторителот. Но според начинот на сечење на дрвјата дејствието е сторено со намера и е направена голема штета.

seceni drva 1

– Ги повикувам надлежните државни институции доколку имаат било какви сознанија да откријат кој е сторителот и да превземат најсоодветни мерки за негово казнување. Затоа што мое мислење е дека сечењето на дрвја на ваков начин е вистинско злосторство што го прават кон сите нас, бидејќи секое дрво за нас значи живот затоа што го прочистува воздухот, рече градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес-конференција.

Сите дрвја засадени на различни локации имаат големо влијание врз квалитетот на амбиенталниот воздух и овие садници засадени на улицата „АСНОМ“ имаат потенцијал да бидат мал но корисен филтер во непосредната животна средина.

seceni drva 3

Во пролетниот период во Општина Велес засадени се вкупно 260 високи повеќегодишни листопадни дрвја, кај Еко камп на езеро „Младост“, Градски парк, Паркот кај Гимназија како и Пaркот пред општинската зграда. Поради временските услови засадувањето ќе продолжи во есенскиот период.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.