Почина жена од Ковид-19 во велешка болница

Објавено на 11 април, 2021 во 11:11

MODULARNABOLNICAVELES fin

11.04.2021

Жената е од Велес и имала 84 години, била позитивна и 10 дена се лекувала во Модуларната болница.

Денеска во болницата вкупно се хоспитализирани 97 ковид пациенти, од кои 85 се потврдено позитивни, четири сомнителни и осум пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.

На Инфективно одделение се лекуваат 52 болни, во Модуларна болница 28 пациенти на Интерно девет и на Одделението за Физикална медицина и рехабилитација осум пациенти.

На кислородна поддршка се 45 пациенти.

Од болницата денеска испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

Убавка Јаневска

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License