Фудбалерот Панче Ќумбев, заштитно лице на кампањата „Пронајди го патот кон здравото срце“
Со неа, Црвениот крст во Велес, сака да ги поттикне младите луѓе да водат здрав живот. Тоа пред се значи да се хранат здраво и да спортуваат наместо да бидат приврзаници на пушењето, алкохолот и брзата храна.
Иницијативата на подмладокот на Црвениот крст е прифатена без двоумење бидејки фудбалерот Ќумбев е вистинската личност за заштитено лице на кампањата, рече претседателот на општинската организација д-р Милчо Трајков. За Ќумбев поканата преставува чест и задоволство. Тој апелираше во кампањата да се вклучат и останатите спортисти од општината како и во останатите кампањи.
– Хранете се здраво, избегнувајте масни јадења и прженици. Конзумирајте овошје и зеленчук . И секако спортувајте бидејќи спортот е многу значајна работа. Противник сум на пушењето и цигарата ја сметам за еден од најголемите пороци на денешницата па затоа постојано им сугерирам на најблиските, на пријателите да се оттгнат од зависноста. Често со нив доаѓам во конфликт и се обидувам да влијаам имајки ги во предвид податоците дека сериозни се бројките на заболени сограѓани и воопшто луѓе во светот од кардиоваскуларни заболувања. Она што е добро во последниве години секако е забраната за пушење во угостителските објекти. Моето мото е здраво се храниме подолго ќе живееме, рече Ќумбев.
Одбележувањето на Неделата за борба против срцевите заболувања, ќе почне на 21 и ќе трае до 28 февруари. Црвениот крст ќе организира повеќе едукациски предавања, а едно од нив ќе се одржи и во селото Бузалково. Во центарот на Велес ќе се организира хепенинг на кој ќе бидат поделени флаери и совети за што поголема информираност на граѓаните. Во медиумите ќе има гостувања на лекари. Целта е превентивно да делуваме бидејќи опасноста која не демне од овие заболувања е чума на 21 век, рече претседателот д-р Милчо Трајков. Тој соопшти дел од податоците кои се достапни во светот, Европа и во Македонија а се загрижувачки како за заболувањата така и за смртноста на луѓето.
– До 2025 година во светот има предвидување дека морбидитетот како последица на овие болести ќе изнесува 25 милиони луѓе, на годишно ниво. Во Македонија нема нови податоци па така од постарите се следниве, ако во Европа на 10 илјади граѓани кај 480 смртноста е последица на кардиоваскуларни заболувања, во Бугарија овој број изнесува 590 а во Македонија 570 граѓани. Нашите пријатели Грци имаат најмала смртност или 314 луѓе. Стари се податоците кои се однесуваат на состојбата во Велес но еве еден податок кој покажа дека 18 илјади велешани боледуваат од хипертензија а тоа е скоро една третина од вкупниот број на жители во општината, рече Трајков.
Тој апелираше на подигнување на колективната свест на повисоко ниво и особено на свеста на младите луѓе кои и на триесетгодишна возраст умираат од мозочен излив.