Извршени две кражби во Велес

Објавено на 8 март, 2023 во 14:00

Сектор за внатрешни работи Велес информира дека вчера, 7 март, во Полициска станица Велес било пријавено дека во период од 5 до 7 март, со употреба на сила и подесен алат било влезено во магацин на фирма во Велес и биле одземени повеќе предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Исто така, на 6 март, еден час по полноќ полициски службеници го лишеле од слобода четириесет годишниот Е.Ќ од Велес.

– Тој се сомничи дека во периодот од 20.01.2023 до 07.03.2023 со употреба на сила влегол во куќа на улица „Кочо Рацин“ во Велес и одзел повеќе предмети. Со него бил извршен службен разговор во полициска станица, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.