Кај Багремче во сообракајна несреќа загина дваесет и девет годишниот Јане Цуцуловски од Велес
Несреќата се случила утрово околу пет часот на улицата Благој Ѓорев, над касарната, кога Цуцуловски управувајќи го својот моторцикл, изгубил контрола и удрил во земјен канал за атмосферски води.
Од здобиените повреди починал на лице место.
За сега се уште не се знаат причините за несреќата.
– Увид на лице место изврши Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е пренесено во Институтот за судска медицина заради вршење обдукција, рече Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.
Граѓаните кои живеат таму велат дека не виделе ништо, но потврдуваат дека ова место е една од многуте црни точки во градот. Годишно тука се случувале и по десетици сообраќајни незгоди. А во непосредна близина се наоѓа и детска градинка./Д.С