Комуналците денеска садеа садници со дрвjа низ Велес
Започна пролетното раззеленување на градот. По старите дрвја кои последни ги исече во дворот на основното училиште „Васил Главинов“, јавното комунално претпријатие „Дервен“ денеска покажа дека сади 130 садници липа на различни локации низ Велес. Со 32 липи и 11 садници врба беше засадена непосредната околина на средното општинско училиште Коле Неделковски. Триесет и девет липи се засадија во населбата Тунел. Исто толку се посадија и во населбата Речани.
Садниците од липа ги обезбеди бизнис заедницата во Велес, додека врбите ги обезбеди јавното комунално претпријатие.
– Со оглед на досегашните искуства и фактот дека младите засадени дрвца, цвеќе и трева често стануваат жртви на несовесни граѓани, за заштита на младите садници поставуваме заштитни метални обрачи, рече Тодорка Андреевска, портпарол на ЈКП Дервен.
Од комуналното претпријатие најавија дека со садници од липа и врба ќе биде збогатен и Градскиот парк. Во исто време апелираа до велешани да не ги уништуваат садниците, бидејќи со нив градот станува поубаво место за живеење./Д.С