Мери Џо Волерс и волонтери од Јапонија учествуваат во изградбата на четвртата семејна кука во Хабитат населбата
Во работно одело, со заштитни нараквици и шлем, сопругата на Амбасадорот на САД Мери Џо денеска пренесуваше бетонски блокови и помагаше во ѕидањето на околните ѕидови на првиот кат од четвртата семејната куќа во населбата во Тунел 2. Госпоѓата Волерс е еден од најчестите доброволци на изградбата на популарно наречената американска населба на Хабитат-Македониј во Велес. Таму со неа волонтираа и студенти од Јапонија, волонтери на интернационалната организација.
Ако подобро не се загледате нема воопшто да ја препознаете тивката госпоѓа која вредно работи на изградбата на четвртата семјена куќа во популарно наречената американска населба во Велес. На оние што тоа првпат ќе им се случи ќе бидат зачудени кога ќе откријат дека токму жената, во синиот работнички комбинизон и на него остатоци од малтер, со плава јакна и работнички чевли е Мери Џо Волерс, сопругата на Амбасадорот на САД во Македонија Пол Д. Волерс. За останатите кои знаат дека госпоѓа Волерс е повторно тука е полесно затоа што веднаш можат да започнат разговор на секоја тема и да украдат дел од нејзиното слободно време додека работи.
– Времето е малку е поладно од вчера но се издржува, рече на почетокот на разговорот госпоѓа Волерс. Штом заврши со пренесувањето на бетонските блокови, од камионот на првата бетонска плоча и го поздрави возачот, ни објасни на што денеска работи заедно со студентите волонтери на Хабитат од Јапонија.
– Сакам да бидам вклучена во проектот, тоа е интересно и забавно, да бидеш волонтер и сакам да контрибуирам со Македонија. Јас сум долгогодишен волонтер на Хабитат, тоа веќе го правам со години уште во САД. Бидејќи постојат многу други различни работи од оваа, што можат да се извршуваат на волонтерска основа, јас нив ги правам континуирано. Кога бев млада бев повеќе ангажирана но потоа станав мајка на три деца па помалку волонтирав . Овде е многу убаво, последните два дена работам на ставање малтар и тули како и на ѕидање ѕидови, рече госпоѓата Волерс.
Таа соопшти дека се додека е во Македонија ќе биде дел од волонтерскиот тим на Хабитат – Македонија и слатко се насмеа кога слушна како велешани за населбата во изградба веќе велат „американската населба“.
По разговорот госпоѓа Волерс им се приближи на младите студенти од Јапонија и тие продолжија да го договараат изведувањето на преостанатите работи за денеска. Таму беа и деветнаесетгодишната студентка на економија на Универзитетот во Токио, Џинацми Мичиваке и две години постариот колега Сатоси Јамазаки.
– Јас дојдов да волонтирам, да помогнам и да ја видам одблизу македонската економија. Во Македонија генерално е многу поевтино од Јапонија. Овде има градови како Скопје во кои има комплекси на изградени станови кои се високи и одеднаш до нив ниски куќи. Многу е поразлично од кај нас и многу е интересно. Бевме на Матка, рече Мичиваке.
– Не е тешка работата, мене ми е многу интересно. Јас го сакам ова што го работам, рече Јамазаки.
Овие двајца волонтери на Хабитат – Јапонија, заедно со останатите од групата, во наредните осум дена ќе учествуваат во изградбата на населбата во Велес. Тие пред да заминат од Македонија ќе посетат дел од убавините на земјава и секако кога ќе имаат време да ги средат впечатоците можеби повторно ќе посакаат да дојдат.