Монструми пртепале магаренце, здружението за заштита на животните бара помош!
Со повреди и скршеници по целото тело и вилицата, дехидрирано и беспомошно активист на здружението за заштита на животните „Гласот на животните“ порнашло магаренце кое шетало по велешките улици. Преку социјалните мрежи доцна синоќа побара помош за згрижување на животното кое станало жртва на газдите.
И покрај тоа што имаме еден куп повредени души и многу трошоци и исто толку долгови не можевме да го оставиме ова најмило магаренце на улица. веднаш дознавме дека повредите по целото тело, скршеницата на ногата, скршената вилица и раните по цело тело се резултат од тепање од неговите „ГАЗДИ“. веднаш ни пишаа луге кои виделе како монструми крвнички го тепаат со летви. Магренцето е моментално на сигурно, но му треба храна, грижа и ветеринарни прегледи. со оглед на тоа што се наоѓаме во таква криза што одвај ги купуваме лековите за кучињата и мачињата за кои се грижиме повторно ви се обраќаме за помош! ова магаренце мора веднаш даа биде прегледано од вет и да биде под терапија !! ве молиме ПОМОГНЕТЕ НИ !!!
После овој повик за помош се јавија дел од жителите очевидци кои раскажуваат како пред неколку денови ги виделе сопствениците на животното како го тепаат со дрвени греди. По тоа успеало да избега, а тие го барале, но за среќа не успеале во намерата. Дел од коментарите се дека мора да има најстроги казни за ваквите монструми. Денеска не успеавме да добиеме информација од претседателката на здружението, но во вчерашната порака таа ни напиша дека денеска ќе го однесат на ветеринар во Скопје каде треба да му направат ренгенски снимки за да се утврдат точнио повредите.
Се почести се ваквите случаи во кои луѓе напаѓаат животни, а во Велес веќе има една правосилна пресуда против човек кој малтретираше па уби маче.
Во меѓувреме здружението на својот ФБ профил ја објави и жиро сметката на која граѓаните можат да донираат помош./Б.Н
Здружение за заштита на животните ГЛАСОТ НА ЖИВОТНИТЕ Велес
ДЕНАРСКА СМЕТКА: 300270000101436
ДЕПОНЕНТ: КОМЕРЦИЈАЛНА Банка АД Скопје
Донирате по своја желба !!!