„Срцето на Македонија“ – туристички веб портал на Вардарски плански регион
Центарот за развој на Вардарскиот плански регион ќе ги промовира атрактивните туристички дестинации, настаните и производите карактеристични за регионот преку туристички веб портал. Тој се вика Срцето на Македонија.
Ваквата промоција на регионот се наметнала како потреба откако Центарот утврдил недостаток на комуникација и координација на сите засегнати страни за развој на туризмот во регионот. Тоа е една од причините за намален економски развој. Затоа на веб порталот ќе ги вклучат бизнис секторот и невладините организации со цел на граѓаните да се нудат иформации за сите туристички дестинации, природни убавини и потенцијали во регионот.
– Тој ги содржи сите групи на туристички производи, посочени во Стратегијата, со соодветни фотографии и краток опис, информации за сместувачките комплекси:мотели и хотели во регионот; локација и информација за ресторани; информации во областа на култура за манастирските комплекси, црквите, спомениците, галериите и многу други информации кои што ќе помогнат за развој на туризмот во Вардарскиот регион, рече Тања Темелковска од Центарот за развој на Вардарски Плански Регион.
Туристичкиот порталот ќе биде поставен на веб страниците на сите општини од Врадрскиот регион. Центарот ќе ги ажурира информациите.
– Во Вардарскот плански регион постојат изворедни услови за развој на транзитниот и алтернативниот туризам, кои можат да обезбедат негова конкурентност како туристичка дестинација, рече Темелковска.
Во исто време за да обезбеди што поголем интерес на граѓаните за посета и престој на места и содржини, природни реткости и убавини, надградена со информации и податоци е и веб страницата на Вардарски плански регион./Д.С