Средношколци од Велес учеа како да користат алатки за одржлив развој

Петнаесет средношколци од Велес денеска беа дел од работилница за уметност на поправката и основата употреба на алатите во секојдневниот живот. Тие во просториите на Младински центар Велес, најнапред следеа презентација на којашто беше објаснета основната употреба на алатите а потоа беа споделени и совети за нивно безбедно користење.
Младите средношколци откако ја проследија презентацијата, гледаа кратки видеа преку кои дополнително се едуцираа за тоа како се користат алатите по што имаа можност да пробаат да ги употребат во живо алатите како штравцигер, метро, кечан и слично.

Младинскиот работник Ивана Јордева за Дума.мк објасни дека овие работилници се од иницијатива поврзана со циркуларна економија којашто е добиена од нејзина страна заедно со тим од пет средношколци.
Денешната работилница е втора одржана по ред, на првата работилница средношколците од градот имале можност да се запознаат со поимот циркуларна економија, а следната работилница поточно третата по ред ќе биде одржана наредната недела на тема шиење и кроење каде младите граѓани преку практичен пример ќе изулуваат за оваа тема и ќе научат како да применуваат вештини за шиење и кроење, што ќе им помогне да создадат свои производи.

Денешната активност како и останатите се дел од проектот Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија”, финансиран од Европската унија и имплементиран од People in Need (PIN), АРНО, ЛЕАД и Ековита.
Стефани Манева
