Студирањето со двојни дипломи, на Меѓународниот Славјански Универзитет, за поголема конкурентност на македонскиот и руски пазар на труд
По посетата на на Меѓународниот Славјански Универзитет во Битола двете професорки од државниот Универзитет од градот Тамбов денеска во Велес ги соопштија предностите од двојни дипломи, за студентите кои во Македонија ќе одлучат да студираат на факултетите на овој универзитет.
– Студентите истовремено се запишуваат и студираат на двата Универзитета и на „Гаврило Романович Державин“ во Македонија и на Универзитетот кој што го носи истото име во градот Тамбов во Руската федерација. За ова ние имаме подготвено заеднички наставен план кои ги задоволува барањата на двете држави. Имаме усогласеност на предметите, тие што ќе ги слушаат студентите во Македонија ќе им се признаат и пренесат во руската наставна програма . На почеток тоа се студентите од групите економија и психологија а понатаму ке можеме да понудиме повеќе програми за студирање иако на почетокот се договорени овие две програми. За одреден временски период по пат на признавање на испите од Македонија во Русија студентите за определен временски период ќе се здобијат со две дипломи а две е подобро од една, рече професор Валентина Павловна доктор по филолошки науки и професор по руски јазик.
Нејзината колешка, Наталија Василевна Рипкина, доктор на педагошки науки од Тамбовскиот државен Универзитет „Гаврило Романовиќ Државин“ во Руската федерација ги соопшти предностите на оваа програма.
– Студентите ќе учат по две слични програми а со учењето по руската програма ќе се запознаат со културата, начинот на живот а тоа е еден вид ново богатство. Стекнувајки се со руската диплома, втора или дополнителна, тие ќе бидат конкурентни на пазарот на труд во Македонија и во Русија. Знаеме дека овде има руски фирми кои отвораат бизниси а ќе станат конкурентни и на големиот руски пазар,
Во која било земја во светот дипломата од Русија, се нострифицира и се признава додаде проф д-р Василевна Рипкина.
Таа и нејзината колешка соопштија дека се задоволни од посетата на Македонија и дека ова прво доаѓање ќе го паметат по тоа што многу им се допаднал начинот на образовниот процес и соработката на професорите со студентите во Свети Николе и Битола, за квалитетните услови на студирање. Како предност ја издвоија ИТ технологијата што особено ќе придонесе за планираното далечинско учење на студентите од Македонија во Руската федерација.
Тие соопштија дека Македонија е многу убава земја со многу цркви и манастирски комплекси како и со антички градови и локалитети. Ја издвоија природната врска на црквата и државата за која мислат дека поволно влијае на младите луѓе. Од сите национални смецијалитети, кои биле служени во преголеми количини, бурекот го издвоија како специјалитет кој посебно им се допаднал./Д.С