Вандал го искрши црквичето пред црквата во изградба
Распарчено на делови беше утрово црквичето за собирање на доброволни прилози пред црквата, во изградба „Свети Кирил и Методиј“. Остатоците од горниот дел беа расфрлани на тротоарот на главната улица „Благој Ѓорев“. Ги собираа и се обидуваа да ги спасат свештениците на Епархијата Повардарска по вандалското однесување од ноќеска кога триесет и две годишен велешанец ги демолирал.
Вандализмот се случил тиесет минути пред полноќ кога Горан Т го искршил црквичето. Била повикана и полиција по чија интервенција вандалот бил пренесен во полициската станица во Велес. Следел распит и била напишана полициска службена белешка. Потоа Горан бил пренесен на неврото одделение во велешката болница.
И таму не се смирил. Цела ноќ ги вознемирувал пациентите кои се лекуваат на одделението. Утрово лекарите одлучуваа што да прават со него.
Тој сторил кривично дело оштетување на туѓи предмети кое се гони по приватна тужба, соопшти полицијата. Тоа значи дека сопственикот на црквичката треба да поднесе приватна тужба и да бара надомест на штета.
Судската постапка ке ја утврдува вината и висината на штетата која Горан ќе треба да ја плати./Б.Н