Живот од денеска за утре, постојано на ладно и најчесто без храна!
Четириесет и четири годишниот Петре Коцев од Велес, нема дом, семејство и работа. Преживува од 1.100 денари социјална помош. Преноќува во напиштен објект, во близина на железничката станица во нехумани услови, без огрев, вода, струја. Единствено што поседува се даски кои му служат како кревет и картонски кутии за постела.
Во неговиот живот она што му олеснува е топлиот оброк, ручекот, што во текот на работниот дел од неделата го добива во црковно народната кујна. За време на викендите и тоа го нема, бидејќи кујната не работи а Петре не јаде ако не го викне некој на работата како амал и не му плати. Од петок чека да дојде понеделник и да се најаде во кујната на црквата.
– Некаде ако најдам помагам, ќе сработам некоја работа и луѓето ќе ми дадат или храна или пари. Така се снаоѓам, ама нема секој ден. Некој не дава ништо, рече Петре.
Тој се жали дека најголем непријател му е студот и се чиди како да ги презими најавените минусни температури и снегот во втората половина на овој и во наредниот месец. Петре раскажува како лани едвај преживеал бидејќи во трошниот објект нема стакла на прозорите па студот директно го шибал во коски. Така ја заработил болеста хроничен бронхит, а дополнителен здравствен проблем му прават и нехигиенските услови во кои живее.
– Би сакал да слушнат да видат како и каде живеам, па ако некој може да ми помогне, ќе му бидам благодарен, рече Петре.
Тој во годината во која штотуку почна да ги одбројува деновите за што поскоро да дојде пролет единствено посакува да му се исполнат две желби. Првата е да најде сигурна работа а втората чиста постела во топла соба./Д.С
Живот од денеска за утре, постојано на ладно и најчесто без храна!
Четириесет и четири годишниот Петре Коцев од Велес, нема дом, семејство и работа. Преживува од 1.100 денари социјална помош. Преноќува во напиштен објект, во близина на железничката станица во нехумани услови, без огрев, вода, струја. Единствено што поседува се даски кои му служат како кревет и картонски кутии за постела. Единствено што во неговиот живот му олеснува е топлиот оброк, ручекот, што во текот на работниот дел од неделата го добива во црковно народната кујна. За време на викендите и тоа го нема, бидејќи кујната не работи а Петре не јаде ако не го викне некој на работата како амал и не му плати. Од петок чека да дојде понеделник и да се најаде во кујната на црквата.
– Некаде ако најдам помагам, ќе сработам некоја работа и луѓето ќе ми дадат или храна или пари. Така се снаоѓам, ама нема секој ден. Некој не дава ништо, рече Петре.
Тој се жали дека најголем непријател му е студот и се чиди како да ги презими најавените минусни температури и снегот во втората половина на овој и во наредниот месец. Петре раскажува како лани едвај преживеал бидејќи во трошниот објект нема стакла на прозорите па студот директно го шибал во коски. Така ја заработил болеста хроничен бронхит, а дополнителен здравствен проблем му прават и нехигиенските услови во кои живее.
– Би сакал да слушнат да видат како и каде живеам, па ако некој може да ми помогне, ќе му бидам благодарен, рече Петре.
Тој во годината во која штотуку почна да ги одбројува деновите за што поскоро да дојде пролет единствено посакува да му се исполнат две желби. Првата е да најде сигурна работа а втората чиста постела во топла соба./Д.С
Напиши коментар
Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.