Се кројат дрворедите во Велес

Објавено на 18 февруари, 2016 во 11:51

Се кројат дрворедите во градот. Екипи на Јавното комунално претпријатие „Дервен“ денеска ги сечат гранките на дрвата долж улицата „8 Септември, помеѓу Основниот суд и кружниот тек во центарот на градот. Исечените гранки веднаш се собираат во камион и се транспортираат и воопшто не го попречуваат движењето на тротоарот. Единствено помал застој има во сообраќајот.

Според портпаролот на комуналното претпријатие Тодорка Андреевска, оваа активност се изведува на секои три години, а целта е да се обнови вегетативната маса на дрвјата. Претежно се кројат јасени кои за кратко време ја обновуваат крошната.

Изминативе неколку дена дервенци ги кроеја дрворедите на улиците „Алексо Демниев“ и „АСНОМ“. Со кроење ќе биде опфатена и улицата „Димитар Влахов“ како и дел од улицата „Благој Ѓорев“./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.