Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Minister Dimkovski so Kocevski fin

За четиринаесет дена изведувачот на градежните работи ќе ги започне изградбата и асфалтирањето на постоечкиот земјен локален пат помеѓу селата Сливник и Бузалково како и асфалтирање на постоечки земјен пат до локалитет Пешти. Ова денеска го договориле Градоначалникот на Велес Аце Коцевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски на работната средба во општина Велес. Проектите на општината се финансирани од Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој.

- Пред да се упатиме во подрачната единица на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Велес со министерот и директорот на Агенцијата имавме средба во мојот кабинет. Разговаравме за проектите од заеднички интерес иницирани од Општина Велес. Утре ќе го потпишеме договорот со изведувачот и за две недели ќе го воведеме во изградба на овие две значајни делнци кои се во должина од 5,2 км, рече Коцевски.

Тој додаде дека на работната средба било разговарано и за актуелниот повик на министерството за земјоделство за конкурирање со проекти за тампонирање на патишта кои водат до земјоделски површини за кои Општина Велес е заинтересирана и се надева да добие финансиски средства барем за една проектна апликација.

Годинава Општина Велес од Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, преку четири проекти, обезбеди за изградба и асфалтирање на патишта и улици скоро 40 милиони денари./У.Ј

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner