Полициски викенд билтен: Сообраќајка во Кавадарци и 17 возачи управувале возила под дејство на алкохол

Објавено на 7 октомври, 2019 во 11:29

policiska kontrola fin

Два настани се евидентирани во полицискиот билтен што се случиле, изминатиов викенд, на подрачјето што го покрива СВР Велес. Во неделата, на 6 октомври, сообраќајка во Кавадарци и ден подоцна полициска контрола за возење на возила под дејство на алкохол

Сообраќајната незгода се случила во 15.00 часот на ул. „7-ми Септември“ во Кавадарци помеѓу патничко возило марка „Опел корса“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.К.(28) и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Љ.П.(24) од Кавадарци. 

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Општата Болница Кавадарци. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

Во акциската контрола на сообраќајната полиција, спроведена ноќта во саботата спрема неделата, 17 возачи на моторни возила од Велес и од Кавадарци имале повеќе промили на алкохол во крвта од максимално дозволените. Дванаесет од нив се Велешани додека пет се Кавадарчани. 

Полицијата на сите прекршители на законот им изрече соодветни казни. /У.Ј

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.