Почина државниот правобранител за подрачје Велес, Борче Пинев

Објавено на 30 јули, 2020 во 19:04

BorcePinev fin

30.07.2020

По пет дена лекување на КАРИЛ во Скопје денеска почина државниот правобранител за подрачје Велес,  Борче Пинев.

Несреќата во која Пинев се здоби со витално загрозувачки повреди по неговиот живот се случила на улица Крсте Мисирков во Велес. Таму Пинев паднал од височина .

Четириесет и шест годишниот велешанец на функцијата државен правобранител беше именуван пред осум години.

Пинев беше сопруг и татко на две ќерки./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.