Велешанец физички го нападнале и пробале да му одземат пари
Објавено на 7 октомври, 2022 во 11:05
Триесет и три годишниот велешанец С.У во полициска станица пријавил дека околу 12:00 часот на улица „Илинденска“ во Велес бил физички нападнат од А.Н и Д.Н коишто се обиделе да му ги одземат парите но не успеале.
Настанот во Сектор за внатрешни работи Велес бил пријавен на петти октомври, средата, еден час по физичкиот напад, поточно во 13:00 часот.
Од Министерство за внатрешни работи соопштија дека се работи на расчистување на случајот.
Стефани Манева