Велешанец физички ја нападнал својата малолетна ќерка, во неготинско запалена засадена земјоделска површина и пчелни семејства

Објавено на 7 јуни, 2024 во 11:25

Постапувајќи по претходна пријава, вчера, во Сектор за внатрешни работи Велес со четириесет и седум годишниот И.П бил извршен службен разговор бидејќи околу 21:00 часот во семејниот дом, по кратка расправија физички ја нападнал неговата малолетна ќерка. Во дневниот билтен на СВР Велес пишува дека за настанот бил известен јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес, а по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Исто така, вчера, во 13:30 часот, во Одделение за внатрешни работи Неготино од страна на Територијалната противпожарна единица Неготино било пријавено дека на местото викано „Летиште“ во атар на Неготино, се запалило засадено земјоделско обработливо земјиште и пчелни семејства кои биле во сопственост на 54 годишниот В.Ч од Кавадарци.

-Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица
Неготино, а повредени лица нема. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР
Неготино, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.