Велешанец физички ја нападнал својата сопруга а потоа и синот
Објавено на 22 септември, 2022 во 12:19
Шеесет и четири годишниот Т.Т во семејниот дом по кратка расправија физички ја нападнал својата сопруга по што се степал и со неговиот триесет и седум годишен син В.Т.
Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, денеска, ги лишеле од слобода Т.Т и неговиот син В.Т.
Од Сектор за внатрешни работи информираат дека двајцата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветна пријава.
Стефани Манева