Велешанец и кавадарчанка каснати од бездомни кучиња
Објавено на 2 март, 2022 во 11:40
Во Полициска станица Велес, вчера, шеесет годишниот Ј.П од Велес пријавил дека на улица .„Рајко Жинзифов“ бил каснат од бездомно куче.
Во текот на истиот ден, во Полициска станица Кавадарци, деветнаесет годишниот М.С од Кавадарци пријавила дека на улуца „Браќа Џунови“ бил касната од бездомно куче, пишува во дневниот билтен на Сектор за внатрешни работи Велес.
Стефани Манева