Велешанец лишен од слобода поради сомнеж за кражба додека променувал клима уред

Објавено на 21 декември, 2023 во 12:25

Полициски службеници од СВР Велес, вчера вечер, во 20:15 часот, го лишиле од слобода М.Г.(26) од Велес. Тој се сомничи дека со уште едно лице во куќа во Велес, каде што извршувале промена на клима уред, одзеле пари и накит.

„Според пријавата, тие искористиле прилика и го извршиле делото кога сопственикот излегол од куќата, соопшти портпаролката Биљана Ѓаковска.   

Според Сектор за внатрешни работи Велес, по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.