Велешанец лишен од слобода за педофилија
Објавено на 25 април, 2023 во 14:51
Шеесет и пет годишниот Б.Ѓ од Велес се сомничи дека допирал малолетна велешанка по телото. Од Сектор за внатрешни работи Велес соопштија дека Б.Ѓ, вчера, бил лишен од слобода од страна на полициски службеници и бил приведен во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева