Велешанец се заканувал на својата сестра поради нерасчистени имотно правни односи
Објавено: 11 декември, 2023, во 12:43 часот
Четириесет и осум годишна велешанка во Сектор за внатрешни работи Велес го пријавила својот две години повозрасен брат бидејќи во дворот од куќата на нивната мајка, поради нерасчистени имотно правни односи и упатувал закани нејзе и на нејзините блиски.
-Педесет годишниот К.П е лишен од слобода од страна на полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес вчера, на 10 декември во 14:15 часот, информираат од СВР Велес.
За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк


