Велешанец со мопед се удрил во паркирано возило, задржан на опсервација во Велешка болница

Објавено на 20 март, 2024 во 13:29

Триесет годишниот велешанец Т.С е задржан е на опсервација во ЈЗУ Општа болница Велес. Тој вчера, на регионалниот пат Велес – Градско, управувајќи мопед „кимко“ удрил во паркирано патничко возило „бмв“ на триесет и две годишниот велешанец Д.Т.

Во незгодата велешанецот се здобил со тешки телесни повреди додека неговата сопатничка, дваесет и четири годишната Е.С, се здобила со телесни повреди констатирани во ЈЗУ Општа болница Велес.

-На 19.03.2024, околу 16:00 часот се донесени двајца пациенти во Велешка болница Т.С. машки пол, на возраст од 30 години и Е.С. женски пол, на возраст од 24 години. Укажана им е лекарска помош, упатени се кон Одделение за радодијагностика, каде им се направени сите потребни радиодијагностички прегледи. Кај Т.С се направени снимања на граден кош и нозе ,а кај Е.С снимки на надколеница и колено. Потоа, Е.С е пуштена на домашно лекување, додека Т.С е задржан во болницата на понатамошна опсервација и третман, соопшти Марина Андова портпаролка на велешка болница.

Незгодата во Сектор за внатрешни работи Велес била пријавена во 16:25 часот и оттаму соопштија дека по овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила нивна увидна екипа.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.