Велешанец управувајќи мопед паднал и се здобил со тешки повреди

Објавено на 23 септември, 2024 во 13:33

Триесет и три годишниот М.М управувајќи мопед паднал на крстосницата од улиците „Борис Трајковски“ и „Кумановска“ и се здобил со тешки телесни повреди. Поточно, во велешка болница по направени прегледи му биле констатирани фрактура на ребра и на клучна коска.

-Во 04:00 часот во Ургентна единица во ЈЗУ Општа болница Велес е примено машко лице на 33 годишна возраст од Велес, со политраума здобиена во сообраќајна незгода. Укажана му е лекарска помош, упатен е на Оддел за радиодијагностика каде се направени прегледи на рамо ,граден кош и истиот ден е направено и Компјутерска томографија на граден кош, вратен рбет и глава. Конататирана е фрактура на ребра и фрактура на клучна коска, по што пациентот е задржан на третман и лекување во тек на целиот вчерашен ден, а по укажана медицинска помош и даден совет пуштен е на домашно лекување, соопшти Марина Андова портпаролка на СВР Велес.

Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Велес.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.