Велешанец влегол во куќа и украл повеќе предмети
Објавено: 26 септември, 2022, во 10:35 часот
Дваесет годишниот М.Д од Велес се сомничи дека сторил кривилно дело „тешка кражба“. Тој во период од 23 до 25 септември, со употреба на алат влегол во куќата на осумдесет и две годишниот Ш.Е од Петровец којашто се наоѓа на улица „Стеван Боегоев“ и украл повеќе предмети.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека М.Д во текот на вчерашниот ден од страна на полициски службеници е лишен од слобода и приведен во полициска станица. Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Стефани Манева


