Велешки херои во акција – 5 пожарникари заминуваат во Турција да помогнат на настраданите во катастрофалните земјотреси

Објавено на 8 февруари, 2023 во 20:43

Пет велешки херои од противпожарната единица во Велес заминуваат во спасувачка акција во Турција, за да помогнат на настраданите по катастрофалните земјотреси. Димче Јованов, Кире Диковски, Александар Јолдашев, Рамадан Адилов и Роберто Шакиров се петтемина херои од ТППЕ Велес кои ќе се упатат кон Република Турција да го дадат својот придонес за справување со последиците од катастрофалниот земјотрес.

Со едно возило и потребната опрема за заштита и спасување овие пожарникари во наредниот период ќе дадат дополнителна помош на турскиот народ.

Инаку, согласно досегашните информации на надлежните институции Бројот на загинати во големиот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија се искачи над 11.200. Официјални лица и медицински лица соопштија дека 8.574 луѓе загинале во Турција и 2.662 во Сирија од потресот од понеделникот од 7,8 степени според Рихтер, со што вкупниот број достигна 11.236.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.