Велешкиот Центар ги очекува вакцините против сезонски грип од Институтот за јавно здравје
Вкупно 1000 комерцијални вакцини против сезонски грип, годинава, очекува да добие ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес од Институтот за јавно здравје. Од оваа количина на вакцини 400 се за Општина Велес додека останатите ќе бидат прераспределени на центрите во Вардарски регион и градот Гевгелија.
Исто така во Центар за јавно здравје Велес очекуваат наредната недела да ги добијат и информациите поврзани со количината на вакцини против сезонски грип којашто Институтот за јавно здравје ќе ја стави на располагање како бесплатна за граѓаните како на Велес така и во останатите градови во овој регион.
Штом ќе бидеме информирани и особено веднаш по добивањето на потребната количина на вакцини ние ќе ги информираме граѓаните за почетокот на вакцинација против сезонски грип, рече директорката на ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес, д-р Весна Николовска Неделкова.
Во изминатите години во Велес но и во останатите градови од Вардарски регион постоеше голема заинтересираност од страна на граѓаните за аплицирање на вакцина против сезонски грип. Меѓу нив повеќе бројни беа граѓаните со коморбидитети и ретки видови на болести.
Убавка Јаневска