Велешките пожарникари добија нова заштитна опрема
Објавено на 30 јули, 2024 во 10:38
Нови 35 комплети заштита униформа за шумски пожари, сообраќајни несреќи и рушевини како и ракавици и обувки денеска добија вработените пожарникари во ТППЕ Велес. Како што соопштија од Општина Велес новата опрема значително ќе им го олесни извршувањето на работните задачи на пожарникарите.
Оттаму додаваат дека градоначалникот Марко Колев упатува голема благодарност до припадниците на ТППЕ Велес за нивната пожртвуваност во најкритичните моменти и за нивната храброст и посветена работа во справување со огнената стихија.
Дума.мк