Велосипедистите на МВК „Велес“ го извозија почетниот круг со електричните велосипеди на езеро „Младост“ (ФОТО и ВИДЕО)

Објавено на 16 септември, 2021 во 18:15

Велосипедисти на МВК „Велес“ денеска беа првите корисници на електричните велосипеди што се дел од проектот: „Паметно езеро Младост“. Тие ги возеа велоипедите на патот а потоа и на патеката покрај езерскиот брег. Нивниот претседател Сашко Ванчевски оцени дека за разлика од професионалните спортисти овие велоипеди се добредојдени за граѓаните кои не се доволно физички и кондиционо подготвени.

-Тие ќе ја имаат секојдневната придобивка од возењето на електричните велосипеди кои во последно време се многу популарни и практични за поголема група на граѓани кои имаат голема желба да возат велосипеди но, од здравствени или други причини не можат да ги возат стандардните велосипеди, додаде Ванчевски.

Фирмата „Геонет“ ги набави додека заедно со мобилниот оператор А1 го реализираа делот на  создавање на улови за возење на електрични велосипеди на езеркиот брег. Во Македонија ова е прва набавка за институција откри Тоде Боцевски, преставник на фирмата „Геонет“.

-Освен набавката на велосипедите исто така ние работевме на софтверските решенија за паметниот паркинг, поставување на апарати за полнење на електрични возила, поставување на паметни лед сијалици, паметни клупи и паметни контејнери. Софтверските решенијата се сработени од една страна за потребите на општината и од друга страна за корисниците, граѓаните“, додаде Боцевски.

Еден велосипед чини 2 илјади евра додека со софтверското решение , смарт бравите за заклучување и апликацијата за корисниците Општина Велес инвестираше вкупно 2 милиони 726 илјади и 295 денари. На наредната седница на Советот на Општина Велес велосипедите ќе бидат предадени на управување на ЈП „Парк спорт и паркинзи“.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.