Вежбовни активности, утре и задутре, на полигонот околу Топилница и на тактичката патека близу Горно Оризари
Објавено: 4 април, 2022, во 15:51 часот
Командата за Обука и Доктрини од Армијата на Република Северна Македонија, како дел од транспарентно прикажување на активностите кои можат да предизвикаат зголемен интерес, ги информира граѓаните на општина Велес, дека на ден 05.04.2022 година, во време од 08.00 до 21.00 часот, на полигонот за обука „Јаворски пат“ – во околината на Топилница и на ден 06.05.2022 година во време од 08.00 до 21.00 часот на тактичката патека близу Горно Оризари, ќе се изведуваат активности во кои ќе се користат вежбовни артифиции.
„За време на изведување на планираните активности во склоп на обуката на Центарот за индивидуална обука од Касарна „Алексо Демниевски – Бауман“ Велес, повремено ќе се слушаат истрели од вежбовна муниција.
Наведените активности се дел од месечните Планови за изведување на неопходната обука на припадниците на единицата во теренски услови при што се преземаат сите неопходни превентивни мерки за безбедност за извршителите и околината.
Согласно процедурите со наведената активност се запознаени и надлежните институции на територијата на општина Велес“, пишува во соопштението за јавност на Командата за Обука и Доктрини на АРСМ.




