(Видео и Фото) Четврта Академија за здравство на комисија на ВМРО ДПМНЕ: Актуелни теми и предизвици во стоматологијата

Објавено на 19 ноември, 2023 во 10:13

Централната Комисија за здравство на ВМРО ДПМНЕ ја посвети четвртата Академија на повеќе актуелни теми во стоматолошката здравствена гранка. Поточно Академијата беше посветена на оралното здравје, на најсовремените европски и светски практики како и на предизвици во стоматологијата. Академската фела, претставници на  Стоматолошки факултет на УКИМ, на Европски Универзитет, лекари специјалисти на Стоматолошки клинички центар како и лекари на Приватни здравствени установи проследија повеќе предавања. Претседателот на Централната здравствена комисија на ВМРО ДПМНЕ, д-р Игор Г. Николов ги соопшти мотивите за овој собир на стоматолошката фела што вчера се одржа во хотел „Романтик“ на езеро “Младост“, крај Велес.

Стучниот дел на Академијата беше отворен со темата „Ортодонтскиот третман кај новороденчиња со расцеп на усна и непце како императив“ на проф. д-р Цветанка Бајрактарова од Стоматолошки факултет на УКИМ и лекарка на Стоматолошки клинички центар Скопје – Клиника за ортодонција. Проф. д-р Бајрактарова рече дека оваа Академија за прв пат е посветена на стоматолошката медицинска гранка поточно на најсовремените методи на лекување.

Во стручниот дел предавања одржаа Проф. д-р  Владо Ванковски од Европски Универзитет – Дентална медицина на тема : „Циркониумот наше секојдневие“, проф.д-р Благоја Даштевски на Стоматолошки факултет на УКИМ и лекар, стоматолог на Стоматолошки клинички центар Скопје поточно Клиника за протетика на тема „Дигитална CAD/CAM стоматологија“, д-р Милан Камчев од ПЗУ “Ординација д-р Камчев“ на тема „Стоматолошките интервенции кај бремените жени“, д-р Даниела Цветкова од ПЗУ „Ендодент“ од Велес на тема „Испитување на микропроток кај заби оптурирани со две различни техники на оптурација in vitro“ и д-р Лоран Стршевски од ПЗУ„Ординација д-р Лорен“ на тема „Превенција на заболувања на забите и парадонтот“.

Потоа беше отворена дискусија со заклучоци посветени на најсовремените европски и светски практики и предизвици во стоматологијата и оралното здравје, зајакнување во инфраструктурата, медицинската опрема и воведување нови методи.

Исто така м-р дипл. ек Гордана Кочовска Димитриевска и ВНС д-р Игор Г. Николов  го финализираа научниот собир на кој внимание беше посветено на состојбата во денешно време и финансиските предизвици за здравствените системи.

Учесниците на Академијата, стоматолози како од Велес така и од Македонија, претседателката на Здружение на Приватни лекари на Македонија д-р Лилија Чолакова Дервишова како и лекари од различни медицински гранки активно се вклучија во дискусиите со свои ставови,предлози и решенија.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.