(Видео) Општините Чашка и Велес имаат шуми на површина од 40 илјади хектари, на велешката и е потребен нов фонд на дрвја од најбрзо растечкиот – чемпрес
Шумите се значајни како за државата така и за животната средина затоа што произведуваат кислород и се природен и незаменлив прочистувач на воздухот. Затоа граѓаните треба да се мотивирани за што побројни засадувања на дрвја и на поголеми површини, рече Сашка Коцевска претседателка на Движењето на екологисти на Македонија (ДЕМ).
Шумскиот фонд на општините Велес и Чашка се простира на вкупна површина од 40 илјади хектари. Станува збор за дабови и букови шумски насади додека на помали површини застапени се иглолисни дрвја. Сепак, најголемите површини се наоѓаат на територијата на општина Чашка. Тоа е така поради надморската висина од 250 метри на која што се наоѓа територијата на општина Велес што е скоро двојно пониска од потребната за засадување и растење на квалитетни шумски насади, рече Љубинка Попова дипломиран шумарски инжинер.
-Квалитетни букови шуми се наоѓаат на горно течение на река Бабуна, како и горно течение на река Тополка. Најквалитетни букови насади се наоѓаат на пределите околу планинарски дом Чеплес и манастир кај село Мокрени. Јужно од нив се сместени дабови насади којшто се наоѓаат на претежно јужни експозиции. Шумите во општина Чашка и Велес се составен дел од масивот Јакупица или Мокра планина. Иглолисните шуми застапени се само на подножје на Солунска Глава или во месноста наречена Бабина дупка. Значајно е што шумските насади изобилуваат со голем број на потоци кои се вливаат во реките Бабуна и Тополка. Ќе додадам дека станува збор и за богати предели со билки како и со ловен фонд. На велешката територија ловниот фонд го сочинуваат дивите животни како што се срни, диви свињи, диви зајци како и прелетен дивеч,“ додаде Попова.
Според неа на надморска висина под 500 метри можат да успеат шуми во кои би се засадиле само добро лисјарски видови на дрвја како што се багрем, јавор, јасен а од иглолисните видови најбрзо растечки би бил чемпресот.
Денеска кога се одбележува меѓународниот ден на шумите, Попова вели дека согласно законски нормативи, на територијата на двете општини се практикува годишната сеча да не биде поголема од површините на кои шумскиот фонд се обновува. Во просек Шумско стопанство „Бабуна“ како дел од ЈП „Национални шуми“ секоја година обновува во просек по минимум 50 хектари на површина со шуми.
Убавка Јаневска