(видео) Помладите генерации XYZ снимија 10 подкасти за потребата од активна имплементација на Зелениот Договор на ЕУ
Десет поткасти чија главна тема е промоција на Зелениот Договор на Европската Унија и Агендата за Западен Балкан и трансформација на општествата кон зелени, се снимение од страна на младите генерации XYZ на Импакт нет Фондација. Младите коишто од средните училишта во Велес и драмското студио „Премиера“, пред се посетувале обуки за снимање, едитирање на видеа, снимање на разговори и интервјуа во подкастите а потоа ги снимале и истовремено поминувале низ еден забавен и едукативен дел.
Претседателот на фондацијата „Импакт нет“, Стевче Дечев вели дека преку подкастите се опфатени многу корисни теми, со битни информации и интересни гости, со цел на инспиративен начин да се доловат информациите пред младите и публиката.
Фондацијата Импакт Нет подкастите ги реализира преку проектот XYZ – Green ambassadors (зелени амбасадори) поддржан од Европската Унија во рамки на програмата Млади – агенти на промените, имплементиран од Центарот за Интеркултурен Дијалог – Куманово, Сојуз на извидници на Македонија и Центар за истражување и анализи – НОВУС Струмица.
Стефани Манева