(видео) Велешките средношколци дел од работилници на тема врсничко насилство и булинг меѓу младите
Велешките средношколци од сите средни училишта во градот, денеска, учествуваа на две работилници на тема „Врсничко насилство меѓу младите“ и „Булинг меѓу младите“. Преку овие обуки, на интерактивен начин и преку презентации младите велешани се запознаа со сите видови и форми на насилство коешто се случува меѓу нив.
Предавачите Владимир Караев и Љупка Ристовска од Здружението на граѓани ,,РУБИКОН,, Скопје рекоа дека нивната цел е да ги поттикнат младите на проактивно размислување но и однесување кога се наоѓаат во ситуација кога се сведоци на врсничко насилство.
Кибернасилството исто така беше опфатено за време на работилниците, младите дискутираа и за мерките, можностите за превенција и српавување во ситуации на врсничко насилство.
Исто така, во наредните денови ќе бидат одржани и работилници на тема „Ментално здравје кај младите како предизвик на новото време“ и „Инклузија и конструктивни наративи“.
Работилниците се спроведуваат во рамки на проектот ,,Млади за инклузија, еднаквост и доверба,, финансиран од страна на Фондот за мир на Обединетите нации, имплементиран од страна на Општина Велес, Младински центар на Фондација Фокус, УНДП, УНФПА, УНЕСКО и UN Women.
Стефани Манева