(Видео)Велиновска: „Градинка во Велес посетуваат четири деца со дијабет, започнуваме со едукација на вработените“
Животот со дијабет воопшто не е лесен но исто така и престојот на деца кои од најмала возраст се соочени со болеста и престојуваат во градинка не е едноставен. Воспитувачките и негувателките имаат голема одговорност кон сите но треба да прифатат дополнителна одговорност за овие дечиња. Тие мора да бидат едуцирани за да одговорат на предизвикот и да интервенираат во моментите кога шекерот во крвта се покачил или намалил. Исто така и да умеат брзо и стручно да интервенираат без слабоста на болеста да го привлече вниманието на останатите деца.
Во шесте објекти на велешката градинка во градот и седмата во село Караслари засега престој се обезбедува за четири но, галопирачкото прогресирање на болеста можеби ќе донесе и нови дечиња. Затоа е потребна едукација пред се на воспитувачките и негувателките но исто така и на севкупниот персонал на ОУДГ „Димче Мирчев“, смета директорката Маја Велиновска. Таа веќе ја организира првата обука за сите вработени со помош на Општинската организација на Црвен Крст Велес.
Велиновска во снимениот видео разговор открива зошто оцениле дека е потребна едукација на вработените во сите објекти на велешката градинка.
Убавка Јаневска