Вкупно 66 ученици се отпишале од велешките основни и средни училишта од почетокот на учебната година, дел од нив заминале во странство
Во сите основни и средни училишта, бројот на запишани ученици од почетокот на учебната година е намален. Дел од учениците училишните клупи ги напуштиле во првото полугодие а останатите и на почетокот на второто полугодие. Како причини се наведуваат заминувањето во странство или пак запишување во други училишта во градот или државата.
Во основните велешки училишта вкупно се отпишале 35 ученици. Поточно, во ООУ „Блаже Конески“ вкупно биле запишани 1070 ученици од нив во второ полугодие не продолжиле 14 ученици. Во ООУ „Васил Главинов“ во учебната 2023/2024 биле запишани 139 ученици од кои четворица се отпишале. Поради заминување во странство или запишување во друго училиште, во ООУ „Кирил и Методиј“ се отпишале девет ученици, на почеток биле запишани 617 ученици а од нив првото полугодие го завршиле 608. Во ООУ „Рајко Жинзифов“ тројца ученици се отпишале и заминале во странство и со тоа бројот на ученици од 180 на почеток на учебната година се намалил на 177 во првото тромесечие, додека во второ полугодие немаат отпишано ученици. Во ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ вкупно биле запишани 85 ученици, но на почеток на второ полугодие се отпишале четворица ученици од кои двајца се иселиле во странство и остнататите двајца се запишале во друго училиште во истата општина. Во ООУ „Лирија“ има отпишано само еден ученик.
Во велешките средни училишта отпишани се вкупно 31 ученици. Од почетокот на оваа година во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ вкупно се запишале 441 ученик од кои на почетокот на второ полугодие се отпишале тројца ученици, но се запишале нови двајца. Во велешкото хемиско училиште „Димитрија Чуповски“ на почеток на учебната 2023/2024 се запишале 504 ученици, но на почеток на второто полугодие се отпишале вкупно 14 ученици. Во економското училиште „Јовче Тесличков“ запишани биле 176 ученици од кои во прво полугодие се отпишале четири а во второ полугодие двајца ученици. Во ССОУ „Коле Неделковски“ во учебната година во прво тромесечие имало вкупно 872 ученици, од нив на крај на прво полугодие се отпишале осум ученици додека во второ полугодие нема отпишани ученици.
За споредба со претходната година, 2022/2023 година, Дума.мк постави и прашање дали бројот на отпишани ученици е зголемен или пак намален.
Во ООУ „Блаже Конески“ бројот на отпишани ученици е намален, поточно, минатата учебна година на полугодие се отпишале 34 ученици. Во ООУ „Васил Главинов“ за разлика од минатата година, бројот на ученици што се отпишале од училиштето е зголемен. На крајот на првото полугодие во учебната 2022/23 година бројот на ученици во ООУ „Кирил и Методиј“ изнесувал 616, додека оваа учебна година 608, што значи дека бројот е намален. Во ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ претходната година 84 ученици продолжиле со образование во второ полугодие, додека годинава бројот е намален за тројца ученици.
Во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ и економското училиште „Јовче Тесличков“ бројот на ученици во споредба со претходната година е намален. Исто така и во хемиското училиште, каде во истиот период во претходната учебна година биле отпишни 6 ученици. Во ССОУ „Коле Неделковски“ во учебната 2022-2023 година во прво тромесечие имало вкупно 815 ученика, додека на крај на прво полугодие вкупно 805 ученика, односно 10 помалку.
Стефани Манева